По триумфот на дерби дуелот, Вардар 1961 продолжи во ист ритам. „Црвено-црните“ овој пат славеа против Бутел Скопје со 27-30 за четвртти триумф во низа, имаат еден пораз од Алкалоид.
Првото полувреме беше изедначено со тоа што Бутел успеа еднаш да поведе со 12-11, но гостите на одморот се изборија за минимална позитива од 15-16. До 19-20 домашниот состав се обидуваше да му пружи отпор на фаворитот, по што вардарци со серија од 7-1 дојдоа на плус седум 20-27 и тука го решија името на победникот.
Петриќ со осум гола беше прв стрелец кај победникот, кај Бутел ист број на голови имаше Димитар Узунчев.
Пелистер пак на домашен терен беше подобар од Прoлет со 30-21. Победата беше позната по само 30 минути по кои битолчани имаа позитива од 11 гола (20-9). Победата за актуелниот македонски првак доаѓа по поразот во дерби дуелот во Скопје.
Кузманоски имаше шест гола, додека капитенот Кузмановски пет. На другата страна Димковски беше стрелец на шест погодоци.