Волунтари доминантен на првиот дуел со Работнички во ЛШ

67

Одбојкарките на Работнички сосема очекувано беа поразени на првиот натпревар од 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите на ЦЕВ. Во салата „Парк“ во Струмица, романскиот првак Волунтари обезбеди убедлива победа од 3:0 со која веќе го најави својот пласман во следната фаза.

РАБОТНИЧКИ – ВОЛУНТАРИ   0:3 (14-25, 13-25, 12-25)

Во трите сета Работнички кој во Европа се претставува само со домашни сили, не успеа да пружи посилен отпор за доминантните гостински одбојкарки. Сепак, искуството кое девојките на тренерот Душко Деспотовски го добиваат од овие настапи е огромно.

Статистички, вечерва баталаковска со 8 поени беше најдобар поентер кај Работнички, а добра партија имаше и Ирма Ѓурѓевиќ со 7 поени. Кај екипата на Волунтари доминантна беше Лукашик со 11 поени.

Реваншот е на програмата следната недела во Романија. Вреди да се спомене дека Работнички и покрај елиминацијата од ЛШ ќе продолжи со настапи во европските купови, поточно во Купот на ЦЕВ.

ПретходноМиовски промаши пенал на дебито во ЛШ! (видео)
СледноЛШ: Џирона се самоуништи против Феенорд