Инцијативата за спас на Работнички е поднесена, се е во рацете на Советот на Општина Центар

216

Работнички се најде во небрано пред стартот на сезоната. Финансиските средства одново се проблем за најтрофејниот кошаркарски колектив во државата, буџетот од минатата сезона е скратен, што пак е проблем за нормално функционирање на клубот и за чекорење кон патот – враќање на стариот сајај.

Сега се е во рацете на Советот на Општина Центар, откако денеска и официјално беше поднесена иницијатива за обезбедување на дополнителни четири милиони денари за да можат да се покријат трошоците кои ги има Работнички.

Работнички покрај домашните обврски оваа сезона се врати во АБА2-лига за која плати посебна покана за настап во истата.

ПретходноДржавна Видеолотарија нема веќе да биде спонзор на ФФМ?!
СледноНејмар се враќа во Европа – прави спектакуларен трансфер!