Куманово и Прилеп победнички!

10

Екипата на Куманово дојде до втората победа оваа сезона, откако на гостувањето кај Бисинов слвеше со 25-30 во меч од петтото коло во Супер-лигата.

Домаќинот добро го почна мечот, водеше со 9-5 и 11-7, по што следеше пад во играта, доволно за да гостите се вратат во игра и на одморот да поведат со еден гол разлика (12-13). Од овој момент Куманово полека, но сигурно градеше позитива за победа.

Димевски беше стрелец на 12 гола кај победникот, додека на другата страна Илиев и Ончев имаа по шест погодоци.

На втората средба од истиот термин Прилеп беше подобар од Радовиш со убедливи 35-24.

ПретходноЛШ: Перфектна Аталанта против Шахтјор
СледноУЕФА го казни Косово поради навивачите на мечот со Романија