Денеска од 14 часот се играат преостанатите три средби од 1/16 финалето во Купот на Македонија. На “Борис Трајковски“ во Скопје се среќаваат Гостивар и Победа. Повеќе од јасно е дека се освен рутинска победа на гостиварци ќе биде рамно на невидена сензација, тимот на Муарем Муарем е голем фаворит за пласман во следната фаза.
Во Струмица се среќаваат Беласица и Македонија ЃП, додека во Гостивар домаќин е Башкими и го пречекува составот на Воска, тим кој што беше финалист во последното финале во ова натпреварување.
Како што се знае во случај на нерешен резултат нема да има продолженија и веднаш ќе се изведуваат пенали.
Победниците од денешните три средби, во 1/8 финалето ќе им се придружат на Тиквеш, Шкупи, Аресими, Брера, Шкендија, Брегалница, Беса, Шкендија Арачиново, Силекс, Детонит, Струга ТЛ, Пелистер и Вардар.
ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 14 Ч
Скопје: Гостивар – Победа
Струмица: Беласица – Македонија ЃП
Гостивар: Башкими – Воска