Со првите два меча од 18.45 вечерва продолжува 2. коло од новото издание на Лигата на шампионите. Првиот натпревар е дуелот меѓу Џирона на нашиот Бојан Миовски и екипата на Феенорд. Двете екипи претрпеа порази во воведните натпревари и денеска ќе бараат позитивен резултат за да ги задржат шансите за добри настап на турнирот.
Во вториот попладневен дуел, во Германија, Шахтјор ќе ја пречека Аталанта. И тука ќе бдие многу интересно, откако двете екипи освоија по еден бод во првите мечеви кои завршија без постигнат гол.
Во вечерниот термин од 21 часот во фокусот ќе биде мечот меѓу Астон Вила и Баерн (М). Фудбалерите на Винсент Компани имаа импресивен старт во Лигата на шампионите, постигнувајќи девет гола на првиот меч дома со Динамо (З). Од своја страна, англискиот тим исто така почна победнички, со триумф на гости кај Јанг Бојс.
Европскиот првак Реал Мадрид ја започна европска сезона со победа од 3-1 против Штутгарт, а вечерва момците на Карло Анчелоти ја очекуваат и втората победа во низа. „Кралевите“ гостуваат кај Лил, кој на стартот загуби од Спортинг (Л) и сега ќе се обиде да донесе малку повеќе радост за своите навивачи.
Ливерпул вечерва ја чека Болоња во уште еден дуел со италијански претставник. Во првото коло „црвените“ триумфално се вратија од Милано. Јувентус не отвори најдобро, но сепак оствари победа во првиот натпревар против ПСВ Ајндховен. Сега, играчите на Тиаго Мота ќе имаат многу потешка задача на гостувањето кај РБ Лајпциг на нашиот Елмас.
Возбудувања ќе чекаме и во Португалија, каде Бенфика го пречекува Атлетико (М). Динамо (Загреб) кој прими дури девет гола од Баерн (М) вечерва на домашен терен ќе бара поправен со новио тренер Бјелица. Хрватскиот првак го пречекува Монако, кој тргна со победа над Барселона, па вечерва ќе смета на нови бодови.
Back to it 😍#UCL pic.twitter.com/W0HWZYT9BW
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) October 2, 2024