ЛШ: Динамо испушти 2:0 против Монако, Елмас на клупа во поразот на Лајпциг од Јувентус

76

Хрватскиот шампион Динамо Загреб освои само бод во дуелот со Монако во 2 коло од ЛШ иако можеше да си замине со три. Вечерва на „Максимир“ водеше со 2:0, а потоа прими два гола и мораше да се задоволи со бод.
За „модрите“ од првата минута играа Стефан Ристовски и Аријан Адеми, а голот за водство стигна во финишот на првото полуреме. Батурина го пронајде Сучиќ кој ја погоди мрежата на француската екипа.
И покрај тешките услови за игра, дожд и натопен терен на кој топката тешко се движеше, играчите на Динамо дадоа се од себе да остават добар впечаток и успеаја во тоа. Адеми играше до 62 минута.
Во 66 минута Батурина со убав шут со левата нога од околу 16-тина метри го совлада голманот на Монако . Во 73 минута Салису беше поснаодлив во одбраната и со глава ја смести топката во мрежата. Во 90 минута Закарија од пенал изедначи на 2:2.

Елиф Елмас повторно остана на клупата. Тој само во улога на гледач на мечот меѓу Лајпциг и Јуветус кој заврши со резултат 3:2 за торинската екипа. Лајпциг поведе во 30 минута со гол на Бенјамин Шешко, а Јуве изедначи на почетокот на второто полувреме со погодок на Душан Влаховиќ.
Девет минути подоцна Јуве остана со играч помалку поради директен црвен картон на голманот Ди Грегорио кој играше со рака надвор од својот шеснаесетник. Само три минути претходно Луј Опенда ја погоди десната статива и не донесе предност за Лајпциг.
Но затоа во 65 минута Шешко од пенал носи за германците воство кое траеше само три минути затоа што Влаховиќ (УБАВ ГОЛ НА ВЛАХОВИЌ ОВДЕ) со вториот свој погодок на мечот изедначи на 2:2 (негов четврти на два меча по ред).
А во 82 минути комплетен пресврт и победа за Јувентус донесе Франциско Консеисао.

РЕЗУЛТАТИ
ЏИРОНА – ФЕЕНОРД 2:3
ШАХТЈОР – АТАЛАНТА 0:3
АСТОН ВИЛА – БАЕРН 1:0
БЕНФИКА – АТЛЕТИКО МАДРИД 4:0
ДИНАМО ЗАГРЕБ – МОНАКО 2:2
ЛИЛ – РЕАЛ МАДРИД 1:0
ЛИВЕРПУЛ – БОЛОЊА 2:0
ЛАЈПЦИГ – ЈУВЕНТУС 2:3
ШТУРМ – БРИЖ 0:1

Standings provided by Sofascore
ПретходноЛШ: Европскиот првак падна во Лил, Баерн изгуби на „Вила Парк“, Атлетико демолиран во Лисабон