ЛШ: Перфектна Аталанта против Шахтјор

24

По ремито со Арсенал во првото коло, екипата на Аталанта стигна до победа во второто и тоа над Шахтјор со 3:0 на стадионот во Гелзенкирхен, Германија.
Италијанската екипа одигра перфектно и ефикасно и уште во првото полувреме обезбеди висока предност и си го отвори патот кон првата победа во ЛШ сезонава.
Херој на мечот беше Адемола Лукман. Тој во 21 минута му асистираше на Џимшити за предност, а во 44 минута се запиша во листата на стрелците (ГОЛОТ ОВДЕ).
На стартот на второто полувреме Раул Беланова ја затресе мрежата за конечни 3:0.
Аталанта имаше дури 19 шутеви кон противничкиот гол (пет во рамката) за разлика од Шахтјор кој упати само шест од кои ниту еден кон голот.
Следното коло, на 23 октомври Аталанта ќе игра дома со Селтик, додека Шахтјор ден претходно ќе му гостува на Арсенал.

ПретходноЛШ: Џирона се самоуништи против Феенорд
СледноКуманово и Прилеп победнички!