Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е победник на АТП турнирот во Пекинг, Кина.
Тој во финалето, за кое долго ќе се зборува, го победи светскиот тенисер број еден Италијанецот Јаник Синер со 2:1 во сетови (6) 6:7, 6:4, 7:6(3) после три часа и 21 минута феноменален тенис.
Спектакуларни поени имаше од почетокот до крајот на мечот за трофејот. Алкараз прв стигна до брејк, кој поведе со 3:1 во првиот сет, но му дозволи на Синер да го врати брејкот со водство од 5:4 во првиот сет, во кој славеше по тај-брејкот. Претходно, Шпанецот пропушти дури три сет-поени.
Во ист ритам продолжи и во вториот сет. Алкараз беше порешителен и помирен во самата завршница, стигна до брејк во деветтиот гем и овојпат ја потврди предноста стекната со добар сервис гејм за израмнување на сетовите – 1:1
Драмата кулминираше во третиот сет. Алкараз направи брејк во третиот гем, поведе со 2:1 и се чинеше дека тогаш го прекина мечот. И покрај тоа, Синер уште еднаш докажа зошто е прв на планетата, се врати и израмни на 4:4. Се беше решено во тај-брејк, а во него Шпанецот покажа дека е нешто подобар ривал и го освои трофејот во Пекинг.