Ненад Димитријевиќ во центарот на вниманието – се најде во Топ 5 дебитанти во Евролигата!

85

Евролигата е на прагот, а оваа сезона за нас Македонците ќе биде уште поинтересна бидејќи таму за првпат ќе настапува нашиот најдобар кошаркар на денешницата, Ненад Димитријевиќ.

Репрезентативниот плејмејкер од оваа сезона го носи дресот на Олимпија Милано, а истата ја почна со МВП признание во Супер Купот во Италија.

Дека сите очи ќе бидат вперени во нашиот Нено стигна потврда и од специјализираниот портал за кошарка „Eurohoops“, кој ги одвои петте дебитанти во Евролигата од кои се очекува многу.

Меѓу нив е Ненад Димитријевиќ, еве што пиша овој портал за македонскиот кошаркар.

“Ненад Димитријевиќ дојде во Милан0 како МВП на сезоната и плеј-офот во ВТБ листата во 2024 и 2023 година. И погодете што? Во првиот официјален меч, беше прогласен за МВП на Супер Купот. Сосема добар почеток за 26-годишниот плејмејкер.

Димитријевиќ веќе се наметна како еден од лидерите во Милано, може да ја внесе потребната свежина која му е потреба на тимот за да конечно се врато во пчеј-офот – зошто да не и на Фајнл-Форот“, стои во текстот на овој портал. 

Покрај Нено во оваа Топ 5 листа се најдоа уште Еван Фурние од Олимпијакос, Ти-Џеј Шортс од Париз, Карлик Џонс од Партизан и Рејџон Такер од Виртус Болоња.

ПретходноНејмар се враќа во Европа – прави спектакуларен трансфер!
СледноКуп на Македонија: Во 1/8 финалето и Гостивар, Македонија ЃП и Воска !