УЕФА го казни Косово поради навивачите на мечот со Романија

71

Фудбалската федерација на Косово е казнета со 61.000 евра од УЕФА за инцидентите за време на мечот од Лигата на нациите против Романија минатиот месец, објавија од УЕФА. Мечот, кој заврши со пораз на Косово од 0:3, се одигра на 6 септември на стадионот „Фадил Вокри“ во Приштина. Двобојот неколку пати беше прекинат поради тоа што фановите запалија и фрлаа факели на теренот, влегоа на теренот и ја исвиркаа романската химна. Исто така е издадено и предупредување кон Федерацијата за нарушување на на обврските во однос на медиумската активност.

ПретходноКуманово и Прилеп победнички!
СледноШокантен старт на Јуве во Лајпциг – по само 12 минути им се повредија двајца играчи