Арсенал по 17-ти пат без примен гол во 2024 година, само Реал има подобра статистика

83

Екипата на Арсенал синоќа против ПСЖ во Лигата на шампионите го одигра својот 17-ти натпревар на кој не дозволи да прими ниту еден гол.

Избраниците на Микел Артета го совладаа ПСЖ во второто коло од Лигата на шампионите со резултат 2:0, што за нов беше уште еден меч во календарската 2024 година во кој одбраната беше на највисоко ниво.

Во 2024 година „топчиите“ одиграа 32 натпревари во сите натпреварувања, а на 17 од нив не примија ниту еден гол. Ова е најдоброто остварување за еден премиерлигашки клуб, а втор најдобар резултат во Европа од тимовите во топ 5 лиги. Во моментов само европскиот шампион  Реал Мадрид има еден меч повеќе со „чиста мрежа“ (18).

ПретходноФерги го предложил Алегри за наследник на Тен Хаг на клупата на Манчестер Ј.
СледноКуп на Македонија – 1/16 финале: Гостивар апсолутен фаворит против Победа, „лавовите“ гостуваат во Струмица