ГРК Охрид убедлив против Струга во езерското дерби за „пет од пет“

61
Фото: ГРК Охрид/Фејсбук

Екипата на ГРК Охрид ја оправда фаворитската улога против Струга во првото езерско дерби оваа сезона, на гостински терен славеше со убедливи 17-31 во првиот меч од петтото коло во Супер-лигата. Со оваа победа, избразниците на Стевче Алушовски го продолжија позитивниот скор „пет од пет“. За Струга ова беше четврти пораз, има и една победа.

Мечот беше решен уште во првото полувреме, гостите поведоа со 2-7, на другата страна стружани успеаја да дојдат на 8-11, но недоволно за нешто повеќе. По 8-12 на одморот, ГРК Охрид ја зголемуваше предноста која дојде на двоцифрена разлика.

Ојлески со девет гола беше прв стрелец, пет гола имаше Крстевски, на другата страна Пајкоски запиша четири погодоци.

ПретходноХаосот продолжува: По стапките на Куртоа тргнаа и Де Брујне и Лукаку!
СледноОФИЦИЈАЛНО: Шчесни ја откажа пензијата и потпиша за Барселона