Државна Видеолотарија нема веќе да биде спонзор на ФФМ?!

969

Како што дознаваме, Државна Видеолотарија Касинос Австрија нема веќе да биде спонзор на Фудбалската федерација на Македонија. Се очекува наскоро ова да биде и официјално објавено. Ова значи дека ФФМ ќе остане без тие 300.000 евра на две години, колку што е договорот, сума која ја добиваше во текот на изминатиот период од својот спонзор ВЛТ.

Инаку ова е се поради последните настани поврзани со мак – фудбалот како и последните случувања во Фудбалската федерација и пред се неетичкото однесување на претседателот на ФФМ.

По ТВ Арена Спорт, Државна Видеолотарија е втората фирма која му “раскинува“ на ФФМ, а се најавува дека и некои други спонзори имаат намера да ја раскинат соработката со Фудбалската федерација на Македонија.

Се раситнува полека кругот на поддршка околу Сејдини. На крај ќе остане сам со двајца – тројца поддржувачи и тогаш ќе има можност да работи на нотарски а не на фудбалски проблеми.

ПретходноНад 200 минути атомски тенис помеѓу Синер и Алкараз, Шпанецот го освои трофејот во Пекинг!
СледноИнцијативата за спас на Работнички е поднесена, се е во рацете на Советот на Општина Центар