Екипата на Куманово дојде до втората победа оваа сезона, откако на гостувањето кај Бисинов слвеше со 25-30 во меч од петтото коло во Супер-лигата.
Домаќинот добро го почна мечот, водеше со 9-5 и 11-7, по што следеше пад во играта, доволно за да гостите се вратат во игра и на одморот да поведат со еден гол разлика (12-13). Од овој момент Куманово полека, но сигурно градеше позитива за победа.
Димевски беше стрелец на 12 гола кај победникот, додека на другата страна Илиев и Ончев имаа по шест погодоци.
На втората средба од истиот термин Прилеп беше подобар од Радовиш со убедливи 35-24.