Куп на Македонија – 1/16 финале: Гостивар апсолутен фаворит против Победа, „лавовите“ гостуваат во Струмица

259

Денеска од 14 часот се играат преостанатите три средби од 1/16 финалето во Купот на Македонија. На “Борис Трајковски“ во Скопје се среќаваат Гостивар и Победа. Повеќе од јасно е дека се освен рутинска победа на гостиварци ќе биде рамно на невидена сензација, тимот на Муарем Муарем е голем фаворит за пласман во следната фаза.

Во Струмица се среќаваат Беласица и Македонија ЃП, додека во Гостивар домаќин е Башкими и го пречекува составот на Воска, тим кој што беше финалист во последното финале во ова натпреварување.

Како што се знае во случај на нерешен резултат нема да има продолженија и веднаш ќе се изведуваат пенали.

Победниците од денешните три средби, во 1/8 финалето ќе им се придружат на Тиквеш, Шкупи, Аресими, Брера, Шкендија, Брегалница, Беса, Шкендија Арачиново, Силекс, Детонит, Струга ТЛ, Пелистер и Вардар.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 14 Ч

Скопје: Гостивар – Победа

Струмица: Беласица – Македонија ЃП

Гостивар: Башкими – Воска

ПретходноАрсенал по 17-ти пат без примен гол во 2024 година, само Реал има подобра статистика
СледноРоналдо: Повеќе не ме интересираат лични рекорди