ЛШ У-19: Брера на “Кошево“ со победнички мисли!

119

Младите фудбалери на У-19 Брера, доцна попладнево од 18 часот на стадионот “Кошево“ во Сараево, ќе го одигра реваншот од квалификациите во младинската Лига на Шампиони и тоа против адекватниот состав на Сараево. По тие 2:2 на првиот меч одиграни во Струмица, јасно е дека шансите не се загубени. Голем хендикеп за тимот на Ѓорге Стојчев е тоа што нашиот младински шампион ќе мора без својот капитен и најдобар играч, Мартин Ѓоргиевски, кој беше стрелец на двата гола на првиот меч, тој поради повреда нема да биде во составот.

Но тоа само ги мотивира младите струмичани да бидат со победнички мисли. Тие добро знаат дека само со максимално залагање, голема борба и максимално исполнување на поставените задачи од страна на стручниот штаб, ќе можат да сметаат на добар резултат, а тој добар резултат е пласман во понатамошната фаза во ова натпреварување.

Како што рековме, реванш мечот се игра денеска од 18 часот на стадионот „Асим Ферхатовиќ“ или по старо “Кошево“ во Сараево.

Вчера струмичани го одработија последниот тренинг на теренот на “Кошево“ а имаа и време да го разгледаат прекрасното Сараево, главниот град на БиХ.

ПретходноМилевски: Трапановски отпадна поради повреда, Стојчевски е повикан поради картоните на Зајков и Серафимов
СледноПовторна средба: Пандев синоќа беше меѓу гостите на мечот Интер – Ц. Звезда