Роналдо: Повеќе не ме интересираат лични рекорди

71

Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, кој го постигна 904. гол на натпреварот против Ал Рајан во азиската Лига на шампиони, изјави дека повеќе не го интересираат личните рекорди.

Роналдо постигна еден од двата гола против Ал Рајан на дуелот завчера. Португалскиот фудбалер, петкратен добитник на Златната топка, изјави дека сега само сака да биде совршен соиграч.

„Веќе не бркам индивидуални рекорди. Добро е играчот да постигнува голови, но најважно ми е денес да уживам во играта и да му помогнам на Ал Наср и моите соиграчи да победат“, изјави 39-годишниот Роналдо.

ПретходноКуп на Македонија – 1/16 финале: Гостивар апсолутен фаворит против Победа, „лавовите“ гостуваат во Струмица
СледноОдбојкарките на Работнички вечерва дебитираат во ЦЕВ Лигата на шампионите