Манчестер Јунајтед очајно тргна во новата сезона во Премиер лигата со само седум освоени бода поради што се најде на 13. место на табелата. Екипата трпи критики од сите страни и бараат откази, а менаџерот Ерик Тен Хаг засега е мирен, па дури верува во трофеи до крајот на сезоната.
„Ништо не е лесно, но нема простор за паника, затоа што верувам дека сезоната ќе биде успешна. Често се случува во моите екипи да имаме проблеми, меѓутоа можеме да ги решиме. Последните шест сезони постојано освојувам трофеи во финишот на сезоната, па целта е продолжување на таа серија, а исто так и што е можно повисок пласман во првенството“, изјави Тен Хаг за „Скај спортс“.
“Nothing for me to panic about” ❌
Erik ten Hag is confident his Manchester United side can sort out their problems 💪 pic.twitter.com/2nAstRgXZb
— Sky Sports News (@SkySportsNews) October 2, 2024