Масимилијано Алегри би можел да добие работа во англиската Премиер лигата, ако се исполнат предвидувањата на италијанскиот спортски весник „Газета дело Спорт“, кој тврди дека Ерик тен Хаг добил ултиматум од раководството на тимот, дека за два меча ќе мора да ја поправи сликата и резултатите на тимот, инаку ќе добие отказ. Доколку натпреварите против Порто и Астон Вила не поминат според очекувањата, Холанѓанецот ќе добие отказ, а италијанскиот весник тврди дека на негово место може да седне Алегри.
Негов главен конкурент е Томас Тухел, но кандидатурата на Алегри, интересно, ја поддржал и легендарниот Алекс Фергусон. Ферги го опишал Италијанецот пред раководството на Манчестер Ј. како „тренер со стил на Анчелоти“, наведувајќи го неговото искуство и способноста да се прилагоди на тешките ситуации во соблекувалната.