Американецот Дарин Говенс е нов играч и ко-сопственик на кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје . Тој ќе остане во ТФТ во следните три сезони и треба да биде големо засилување за новиот амбициозен проект.
Заедно со Говенс, во ТФТ влегува инвестициска група предводена од него која стана сопственик на 25% од акциите на клубот. Говенс ќе биде член на Управниот одбор на ТФТ чиј претседател е неговиот соиграч и капитен на екипата Едис Нури.
Претходно ТФТ објави и дека Страхил Николов и Михаил Стојанов остануваат во ТФТ и во наредните три години.