Македонија У17 со триумф над Кипар во пријателски меч

506

Репрезентацијата на Македонија У17 ја совлада соодветната селекција на Кипар со резултат 3:2 во пријателски меч одигран на стадионот „Катокопиа“ во Перистерона во близината на Никозија. Ова е првиот од двата тест натпревари со Кипар пред стартот на квалификацискиот турнир за ЕП кој ќе се игра на Исланд.
Следниот меч со Кипраните ќе се игра на 3 октомври.
Селекторот Раде Каранфиловски за овие мечеви ги повика:

Антониј Трајковски, Стефан Стаматовски, Александар Трајков, Ристе Стоилов, Матео Кесиќ, Давид Ангелевски, Лорент Жаку, Блерон Бајрами, Александар Грашески, Бленди Ганиу, Алекс Запончек, Ненад Дамјановски, Христијан Јевтовски, Јован Мрмачовски, Флорент Османи, Алек Сиваков, Кристијан Марковски, Мартин Џангаровски, Стефан Бранковски, Андреј Ристовски, Иво Марковски

 

 

ПретходноБеше помошник на Пирло и на Фариоли, а сега ќе го предводи Шкупи
СледноШокантно: ФИФА планира да и го одземе Мундијалот на Шпанија во 2030?!