Сонот станува реалност, Димитријевиќ ќе дебитира во Евролига: Оваа шанса ја чекав со години!

124

Низ бројните интервјуа кои Ненад Димитријевиќ ги имаше во текот на неговата кариера, секогаш потенцираше дека неговиот сон е да заигра во Евролигата. Неговата макотрпна работа и целосна посветеност го донесе да заигра во најсилното европско клупско натпреварување.

Најдобриот македонски кошаркар на денешницата денеска ќе го има своето деби во Евролигата. Олимпија Милано е гостин на Монако, меч кој е закажан со почеток во 19 часот, а нашиот Нено се очекува да биде лидер во составот на италијанскиот тим.

„Оваа шанса ја чекав со години, привилегија е да дебитирам во Евролига во тим како Олимпија Милно. Пред нас се многу тежок меч со силен противник, кој игра на високо ниво и минатата година стигна до завршницата во Евролига. Наша задача е да му пристапиме на мечот таков каков што е, само со максимално залагање можеме да излеземе како победници“, рече Нено пред мечот. 

Димитријевиќ се најде во листата на Топ 5 дебитантни во ова натпреварување кои ќе се најдат во центарот на вниманието. Нено одлично ја почна сезоната во дресот на Олимпија, беше прогласен за МВП на Супер Купот каде потврди дека е вистинско засилување. Во него гледаат како важен фактор за да оваа сезона се најдат во плеј-офот, па дури и на Ф4.

ПретходноАнчелоти го предупредил Мбапе пред да влезе во игра!
СледноТРАНСФЕРИ ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Како се „пазареше“ и кој тим направи најголеми промени во ростерот