Лео Меси не застанува да блеска во дресот на Интер Мајами, кој на гостински терен кај директниот ривал Колумбус славеше со 3-2, а главниот виновник беше токму Аргентинецот.
Меси го осигура првото место во Источната конференција пред стартот на плеј-офот, постигна две гола во рок од пет минути. Третиот гол за Интер Мајами беше дело на Луис Суарез.
Се на се, Меси ја продолжи магијата во Америка, сега е на ниво од 17 гола и 17 асистенции, секако дека е најдобар кога ќе се собере вкупниот учинок. Како што Интер Мајами е прв на табелата во Источната конференција.
Во МЛС, првото место во лигашкиот дел го добива трофеј штит, кој Интер се разбира никогаш досега го нема освоено.
Сега следува плејофот и борбата за шампионската титула, од втората половина на октомври до финалето кое е закажано за 7 декември.
LEO MESSI!!!! 0-1 WHAT A GOALLLLLLLLLLLLLL pic.twitter.com/MJp8zyTixL
— Leo Messi 🔟 Fan Club (@WeAreMessi) October 3, 2024
MESSIIIIIIIIII!!!
Messi magic again to get his brace. 🪄 pic.twitter.com/tqT4Md1ydO
— Major League Soccer (@MLS) October 3, 2024