Алкалоид оди по „пет од пет“ во Кавадарци!

104

Денеска ќе биде комплетирано петтото коло во Супер-лигата. Во Кавадарци силите ќе ги одмерат ГРК Тиквеш и Алкалоид, дуелот е закажан со почеток во 19:30 часот со директен пренос на МРТ.

Избраниците на Кирил Лазаров доаѓаат како фаворит, пред се поради одличниот старт на сезоната, и она што го видовме во Супер-Купот против Пелистер и на отварањето против Вардар 1961, дуели на кои остварија победи.

Алкалоид има четири победи во исто толку одиграни мечеви, па со нов триумф ќе остане на врвот на табелата заедно со ГРК Охрид.

На другата страна за кавадарчани сезоната не почна најдобро. Пред стартот направија тренерска смена, дојде Кристијан Грчевски, го завршија настапот во Европа, а по четири кола имаат победа, реми и два порази.

,,Ни претстои сериозна екипа која во претходниот месец ги победи двата главни тимови кои се во трката за шампионатот. Од друга страна, ние во моментов не сме на она ниво на кое што сакаме и треба да бидеме. Овој натпревар треба да го изиграме максимално сериозно, одговорно и мотивирано од првата до шеесетата минута затоа што тоа е она што Тиквеш, неговите навивачи и општина Кавадарци го заслужува’’, изјави Игор Арсиќ. 
03.10.2024 – ЧЕТВРТОК
19:30 часот ГРК ТИКВЕШ 2014 – РК АЛКАЛОИД – пренос во живо на МРТ
ПретходноЗа Компани поразот од Астон Вила не е крај на светот: Не игравме лошо!
СледноСтрумица активираше „бомба“: Никола Ѓоргиев, Љафтов и Ѓорѓи Ѓоргиев се нови одбојкари на шампионот!