Привремениот селектор на Англија, Ли Карсли го објави списокот на играчи за претстојните натпревари против Грција и Финска во Лигата на нациите. На списокот се 25 играчи, а на него ги нема стоперот и напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер и Маркус Рашфорд, потоа крилото на Вест Хем, Џаред Боувен и фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Џејмс Медисон.
Карсли повика нови имиња, па на списокот се Рико Луис, Морган Гибс-Вајт, Анхел Гомес и Нони Мадуеке. По седум години во репрезентацијата се враќа напаѓачот Доминик Соланке, сега веќе играч на Тотенхем, а кој последен пат беше повикан во 2017 година за пријателскиот меч против Бразил.
Тоа воедно е и единствениот негов настап за Англија. Тогаш беше играч на Ливерпул, а оваа сезона по пет години во Борнмут се пресели во Тотенхем и на шест меча постигна три гола.
Your #ThreeLions are locked in. 🔒 pic.twitter.com/90iH1KMwwk
— England (@England) October 3, 2024