Анчелоти го предупредил Мбапе пред да влезе во игра!

269

Реал Мадрид загуби од Лил во 2. коло од Лигата на шампионите, но го доби Килијан Мбапе. Французинот според најавите требаше да паузира три недели, но на теренот се врати по само седум дена.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти очекувано беше многу внимателен со Мбапе. На полувремето се упати по него во соблекувалната, му кажа дека ќе игра, но дека веднаш ќе го напушти теренот доколку почувствува непријатност.

„Слушај ме внимателно Килијан. Не смееме да ризикуваме премногу, ако забележиш некаков проблем си надвор од игра“, јасно му порача Анчелоти на својот напаѓач.

Мбапе влезе во игра во 57. минута. Издржа до крајот, но не можеше да направи премногу за својот тим.

За жал ниту овој меч не помина без повреда. Милитао кој штотуку беше заменет со Мбапе се пожали на болки и по тестовите ќе се знае дали повредата е од посериозна природа.

Бразилецот веќе пропушти неколку недели оваа сезона поради повреда на мускулот, а Реал дефинитивно нема среќа. Повредите на клучните играчи се многу чести.

ПретходноПотврдено: ВЛТ му кажа збогум на ФФМ
СледноСонот станува реалност, Димитријевиќ ќе дебитира во Евролига: Оваа шанса ја чекав со години!