Македонскиот прволигаш Шкупи назначи нов тренер. Се работи за турскиот стратег Алпарслан Ердем.
За време на својата кариера како фудбалер, тој има играно за неколку големи екипи како Вердер Бремен, Галатасарај, Генчлербирлиги, Истанбул Башакшехир и Фатих Карагумрук.
Во својата тренерска кариера, тој бил помошник на Франческо Фариоли во Фатих Карагумрук за сезоната 2021-2022, како и помошник на Андреа Пирло за време на сезоната 2022-2023 во Фатих Карагумрук, а потоа го презеде водството на екипата како главен тренер во 2023 година. Неговото искуство со тренери од висока класа како Пирло и Фариоли ги збогати неговите менаџерски вештини, подготвувајќи го за новите предизвици во ФК ШКУПИ.
Алпарслан Ердем потпиша двегодишен договор со ФК ШКУПИ, покажувајќи ја долгорочната посветеност на клубот за градење на стабилен и успешен тим.