Само неколку часови откако објави дека постигнале договор со Дерин Говерс, кој ќе биде играч и член на ОУ на клубот, ТФТ Скопје обезбеди големо засилување за престојната сезона. Се работи за Адем Мекиќ кој по две години се враќа во македонскиот шампионат, а во тој период настапуваше за романски Темишвар и хрватски Задар.
Договорот со Мекиќ ќе биде „отворен“ што значи дека ако кошаркарот добие понуда од странство да може веднаш да си замине.
Инаку Мекиќ досега играше за Вардар, МЗТ, Охрид, Куманово и Пелистер.