Селекторот на Франција, Дидие Дешамп го објави списокот на играчи за наредните натпревари против Израел и Белгија во Лигата на нациите. На списокот го нема капитенот и ѕвездата Килијан Мбапе кој доби поштеда. Го нема ни Антоан Гризман кој пред неколку денови се повлече од националниот тим.
Во составот се враќаат играчите на Челзи, Весли Фофана и Кристофер Нкунку.
📋 𝐋𝐚 𝐋𝐢𝐬𝐭𝐞 𝐝𝐞𝐬 𝐁𝐥𝐞𝐮𝐬 pour nos 2️⃣ prochains matchs de Ligue des Nations 🙌#FiersdetreBleus pic.twitter.com/mSGiEn9IAK
— Equipe de France ⭐⭐ (@equipedefrance) October 3, 2024