Емери: Сакам да уживам во овој момент!

82

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери не ја криеше радоста по победата над Баерн (Минхен) (1:0) во Лигата на шампионите. Според него, такви моменти не се случуваат секој ден и затоа сака максимално да ужива во нив.

„Среќен сум поради сите во Астон Вила – тренерите, навивачите, сопствениците, работниците. Најважно беше како ќе се бориме на натпреварот и како ќе го спроведеме нашиот план. Сакам целосно да уживам во овој момент“, изјави Емери.

По оваа победа Астон Вила има 6 бода, а сега претстои средба со Болоња.

„Имаме шест бода и тоа е важно. Но, имаме уште 6 натпревари и 18 бодови за кои треба да се бориме. Мораме добро да се подготвиме за нашиот следен натпревар со Болоња овде и да продолжиме во овој дух. Сè уште можеме да го подигнеме нивото. Но, прво треба да размислиме за играта во недела, сакам да видам константност во нашите настапи“.

ПретходноГерманците немилосрдни, со бројни критики до Кејн и Нојер: Каде беа вчера?
СледноЈокиќ од Абу Даби кажа што мисли за Пешиќ