За Компани поразот од Астон Вила не е крај на светот: Не игравме лошо!

187

Тренерот на Баерн Минхен Винсент Компани беше филозофски расположен за поразот со 1-0 од Астон Вила во Лигата на шампионите. Според него, овој пораз не е крај на светот, но од друга страна сака неговите играчи да научат од оваа загуба и да не ги прават истите грешки.

„Ако треба да бидам објективен, мислам дека добро го започнавме натпреварот и имавме силни 15 минути, но постепено ја загубивме брзината. После тоа имав чувство дека опасноста може да дојде од секаде. Сепак, не го дадовме противник многу големи шанси“, смета Компани, кој додаде: 

„Вториот дел беше подобро. Ја контролиравме играта, направивме добри транзиции и создадовме одлични шанси, но не ги искористивме“, додаде Белгиецот.

Според него тимот мора да гледа напред, овој пораз нема да реши ништо.

„Загубивме и мораме да научиме од овој пораз. Тоа нема да го реши турнирот, па мораме да гледаме напред. Кога ја имавме топката бевме опасни, но тие се силен тим и не е лесно да се игра овде. Немојте да мислите дека игравме лошо“, смета тој.

ПретходноЈокиќ од Абу Даби кажа што мисли за Пешиќ
СледноАлкалоид оди по „пет од пет“ во Кавадарци!