Мајсторија на Чурлинов во 90+7.минута за победа на Јагиелонија на гости кај Копенхаген! (ВИДЕО)

264

Уф, каква победа на Јагиелонија кај Копенхаген во ЛК и тоа со голот на нашиот Дарко Чурлинов и тоа о 90+7.минута кога Македонецот го замолкна “Паркен стадионот“ во Копенхаген. Тоа беше гол за победа од 1:2 за тимот од Полска.

Инаку Борац на Шишковски и Николов, и двајцата беа во тимот од Бања Лука, одиграа 1:1 против Панатинакос.

На дел од останатите мечеви резултатите беа Челзи – Гент 4:2, Легија – Бетис 1:0, Астана – Б. Топола 1:0…

Претходно“Новиот“ Партизан на Обрадовиќ со пораз кај Басконија!
СледноЛЕ: Хари Мегваер е херојот на Јунајтед!