Златан Ибрахимовиќ денеска го прославува својот 43-ти роденден. Легендарниот Швеѓанец со балканско потекло по тој поводе одлучи да си се почести самиот со нов скапоцен автомобил, иако во својата гаража има барем десетина екстра скапи автомобили.
Па така тој на социјалните мрежи се пофали дека си купил Ферари SF90XX Stradale Spider кое чини неверојатни 800.000 евра.
Златан и досега имаше неколку Ферарија, но ете, одлучи токму на својот роденден да ја збогати својата колекција со уште едно.
Едноставно му се може…
Се разбира дека ваквиот потег на Златан наиде на лавина коментари на социјалните мрежи, сепак Златан е Златан, екстравагантен до крај.