Басконија – Партизан 88:82 е епилогот од вечерашниот меч во Виториа во рамките на 1.коло на Евролигата. Ова значи дека “новиот“ Партизан на Жељко Обрадовиќ со пораз ја стартуваше сезоната во најквалитетното европско клупско натпреварување, а очекувањата се големи. Сепак според она што беше прикажано од “црно – белите“ ќе треба уште некои време да се “скоцка“ играта на Партизан.
Гостите можат да жалат зошто во првата фаза од средбата одиграа одлично, имаа и +9 на почетокот на второто полувреме, играа атрактивно и квалитетно, но во финишот не успеаја да дојдат до победата.
Вечерва во Белград, Макаби со 89:82 го победи Вилербан, а Баерн во Минхен со 97:89 го совлада Реал Мадрид.