Ова е табелата по 2.коло во ЛШ: Дортмунд, Брест, Бенфика…Реал дури на 17.место! (ФОТО)

209

Откако вчера се одиграа и последните мечеви во рамките на 2.коло во Лигата на Шампионите, според новиот формат, сега и дефинитивно може да се види и табелата за тоа кој тим на кое место се наоѓа по два одиграни меча. Дортмунд е прв со 6 бода, но и со неверојатна гол – разлика од +9 голови. Сензационално “малиот“ Брест е втор со максимален број бодови и со гол разлика од +5. Со сите 6 бода се и Бенфика, Леверкузен, Ливерпул, Астон Вила и Јувентус.

Осми е Манчестер Сити, а погледнете каде се гигантите. Интер е деветти, Арсенал на 13. место, Баерн на 15-ти, Барселона е 16-та, Реал дури 17-ти, а ПСЖ е на 18.место, додека Атлетико Мадрид е на 23.место. Се разбира дека табелата ќе претрпи драстични измени во следните шест кола колку има да се играат во оваа фаза од новиот формат во ЛШ.

Image

ПретходноАнгличаните по седум години вратија играч во репрезентацијата, а ги нема Мегваер, Рашфорд…
СледноМу се може: За роденденот Златан си купи Ферари од 800.000 евра! (ФОТО)