Одлично деби на Нено во Евролигата, сепак Олимпија Милано со пораз!

139

Одлично деби на Ненад Димитријевиќ во Евролигата. Нашиот најдобар кошаркар вечерва во својот прв меч во кариерата во најсилната еввропска лига, со својот Олимпија Милано доживеа пораз од Монако на гости со 93:80. Македонецот одигра 24.минути, постигна 11 поени, имаше шест скокови и 5 асистенции.

Сепак и тоа не беше доволно да се дојде до подобар резултат, ако се знае дека во првите две четвртини домашниот состав на Монако набилда голема разлика и со тоа го реши победникот. Бадијала потоа добрата игра на Нено и другарите.

Првиот меч вечерва и воопшто првиот во новата сезона, Панатинаикос со 77:87 успеа да слави како гостин кај Алба во Берлин. Ова значи дека актуелниот бранител на трофејот стартуваше со победа.

Жалгирис како домаќин славешр против Барселина со 74:67.

ПретходноАлкалоид според планот – со цел „плен“ од Кавадарци за продолжување на перфекцијата
СледноВеспрем го симна Магдебург од престолот!