Очекувано од ФИФА: И Интер Мајами на Меси на Светското клупско првенство!

199

Сосема очекувано, Интер Мајами на покана на ФИФА ќе биде дел од Светското клупско првенство кое следната година ќе се одржи во САД и тоа како победник во регуларниот дел во МЛС. Секако дека ова ќе биде голем плус за организаторот на СП на кое ќе учествуваат рекордни 32 клубови.

Исто така ФИФА денеска објави дека ќе има и нов преоден рок кој ќе трае од 1 до 10 јуни, се со цел за да можат клубовите да се засилат пред стартот на Светското клупско првенство.

Иако се најавуваше дека ФИФА би можела да суспендира Израел по последните настани во Блискиот исток, сепак тоа нема да се случи. Очекувано ако се знае дека, без разлика на барањето на Палестинците, сепак ретко кој може на Израел да му изрече суспензија. 

ПретходноВеспрем го симна Магдебург од престолот!
СледноПСЖ тргнува по Мохамед Салах?!