Потврдено: ВЛТ му кажа збогум на ФФМ

4368

Она што го најавивме вчера денеска доби потврда. Државна Видеолотарија Касинос Австрија и официјално повеќе нема веќе да биде спонзор на Фудбалската федерација на Македонија.

Од ВЛТ испратија писмено известување за раскин на договорот со ФФМ. Ова значи дека ФФМ ќе остане без 300.000 евра на две години, колку што е договорот, сума која ја добиваше во текот на изминатиот период.

Државна Видеолотарија е втората фирма која му “раскинува“ на ФФМ, откако претходно тоа го стори и По ТВ Арена Спорт.

ПретходноСо два магични гола Меси му донесе историски трофеј на Интер Мајами (ВИДЕО)
СледноАнчелоти го предупредил Мбапе пред да влезе во игра!