Премиер лигата му го поништи црвениот картон на Фернандеш

36

Фудбалерот на Манчестер Јунајтд, Бруно Фернандеш ќе може да игра во наредните три натпревари бидејќи е прифатена жалбата на клубот да му се укине суспензијата. Фернандеш доби директен црвен картон на мечот против Тотенхем во Премиер лигата поради остар старт над Џејмс Медисон. Капитенот на Јунајтед требаше да ги пропушти премиерлигашките натпревари против Астон Вила, Брентфорд и Вест Хем.
Сепак, клубот одлучи да ја обжали одлуката на судијата, а Премиер лигата по повторно разгледување на ситуацијата го поништи црвениот картон.

ПретходноУтре во 15 часот е ждрепката за 1/8 финалето во Купот: Сите сакаат да им се падне Шкендија Арачиново
СледноСкопскиот маратон 2024 со рекорден број натпреварувачи