Се чини дека Мохамед Салах, еден од најдобрите фудбалери во Ливерпул и во Премиер-лигата, во јуни си оди од “Енфилд“. Нема најави дека “Редси“ имаат намера да преговарат со „Фараонот“ за нов договор.
По ова во текот на последните неколку недели се шпекулираше дека Салах е трансферна цел на клубови од С. Арабија и дека тие имаат намера да го направат најплатен фудбалер во светот.
Сепак, Салах посакува барем уште две-три години да игра елитен фудбал во Европа, па после да оди во С. Арабија.
Па така денеска се појавија шпекулации од Англија и Франција, дека ПСЖ има и тоа како сериозни планови со Салах и има намера да му понуди тригодишен договор.
Луис Енрике и тоа како инсистирал кај газдите на ПСЖ да му го доведат напаѓачот од Египет.