Ал – Ахли од Египет е треропласира на неофицијалното клупското СП во ракомет, во меч кој се одигра во Каиро и во кој домашниот состав славеше со 33:29 и тоа против Барселона. Навистина сензационален триумф над тимот кој веројатно е најславниот во историјата на клупскиот ракомет во светот.
Во текот на целиот меч домашниот состав имаше предност, а во еден момент таа изнесуваше и цели +8 голови.
Во големото финале, кое се игра од 19 часот, се среќаваат Магдебург и Веспрем.