Македонскиот одбојкарски шампион Струмица станува клуб-репрезентација во вистинска смисла на зборот. Денеска од струмичкиот состав потврдија дека уште тројца наши репрезентативци, браќата Никола и Ѓорѓи Ѓоргиев, како и Александар Љафтов и официјално го облекуваат дресот на Струмица.
Ова се три вистински „бомби“ од нашиот шампион, кој по елиминацијата од Олимпијакос во Лигата на шампионите, сега ги очекува настапите во Купот на ЦЕВ каде прв предизвик ќе биде екипата на Фино Капошвар. Со овие три големи репрезентативни засилувања, Струмца не само што ќе биде голем фаворит на овој двомеч, туку сега веќе сериозно ги зголемува апетитите за голем европски успех.
Покрај ова репрезентативно трио, Струмица веќе ги обезбеди и услугите на уште тројца репрезентативци, Стојан Илиев, Филип Маџунков и Дарко Ангеловски кои беа во тимот и за мечевите во ЛШ.