Во сабота се играат сите мечеви од 9.коло во нашата ПМФЛ и тоа со почеток од 14 часот. Потоа следува двонеделна пауза поради настапите на репрезентациите.
На Арената во Скопје в сабота се среќаваат Вардар и Струга ТЛ, а тој меч ќе го суди Стојанче Трпчевски. Интересно е тоа што кавадарчанецот и минатиот викенд му судеше на Вардар и тоа во Тетово на дербито со Шкендија.
Во продолжение можете да ги видите сите двојки и судии за ова саботно 9.коло во нашата елитна лига.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 9.КОЛО – САБОТА (14 Ч)
Битола: Пелистер – Тиквеш (Игор Стојчевски – Скопје)
Скопје: Шкупи – Брера (Игор Иванов – Велес)
Охрид: Воска – Работнички (Димитар Пилешков – Штип)
Скопје: Гостивар – Беса (Влатко Илиоски – Прилеп)
Скопје: Вардар – Струга ТЛ (Стојанче Трпчевски – Кавадарци)
Кратово: Силекс – Шкендија (Александар Ставрев – Скопје)