Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија ги одреди казните за Тиквеш, Башкими и за Вардар Неготино на чии терени имаше инциденти од натпреварите од Првата и од Втората фудбалска лига.
Тиквеш доби забрана за настап на два натпревари на домашен терен и го загуби дуелот со Вардар со службени 0:3. Во последните моменти од мечот во Кавадарци со тврд предмет беше погоден помошниот судија Гоце Петревски, па главниот судија Александар Ставрев го прекина натпреварот.
Исти казни добија и Башкими и Вардар Неготино поради инцидентите на мечевите со Беласица и Охрид. Трите тима ќе мора да играат на терени кои се најмалку 100 километри подалеку од нивниот стадион.