Англичаните по седум години вратија играч во репрезентацијата, а ги нема Мегваер, Рашфорд…

206

Привремениот селектор на Англија, Ли Карсли го објави списокот на играчи за претстојните натпревари против Грција и Финска во Лигата на нациите. На списокот се 25 играчи, а на него ги нема стоперот и напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер и Маркус Рашфорд, потоа крилото на Вест Хем, Џаред Боувен и фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Џејмс Медисон.
Карсли повика нови имиња, па на списокот се Рико Луис, Морган Гибс-Вајт, Анхел Гомес и Нони Мадуеке. По седум години во репрезентацијата се враќа напаѓачот Доминик Соланке, сега веќе играч на Тотенхем, а кој последен пат беше повикан во 2017 година за пријателскиот меч против Бразил.
Тоа воедно е и единствениот негов настап за Англија. Тогаш беше играч на Ливерпул, а оваа сезона по пет години во Борнмут се пресели во Тотенхем и на шест меча постигна три гола.

ПретходноЕве како Енрике во навредувал Мбапе…! (ВИДЕО)
СледноОва е табелата по 2.коло во ЛШ: Дортмунд, Брест, Бенфика…Реал дури на 17.место! (ФОТО)