Во драматично финале, вечерва Веспрем со 34:33 успеа да го победи Магдебург и со тоа да дојде до титулата на Супер Глоуб. Па така Германците по три трофеио во низа мораа да го признат поразот и да се симнат од престолот.
Треба да се каже дека се играше врвен ракомет, а во текот на целиот меч беше речиси израмнето, сепак Веспрем во средината од второто полувреме се одлепи на 18:22, но Магдебург успеа да ја стигне таа разлика.
Па така по 60 минути игра во регуларниот дел, резултатот беше 28:28, па мораше да се оди во продолженијата. А таму тимот од Унгарија беше подобар и поснаодлив и заслужено славеше.