Миовски: Ми се оствари сонот да играм во ЛШ!

94

Вчера Бојан Миовски го оствари својот сон од детството. Одигра меч во ЛШ, и тоа во дресот на Џирина против Феенорд. Секако дека ќе го памети дебито, но и како што кажа му е жал за поразот на неговиот тим и пред се поради промашениот пенал од негова страна.

Македонскиот напаѓач на своите социјални мрежи напиша:
“Дебито во Лигата на Шампионите за мене е остварување на уште еден сон, но за жал не е секогаш како што посакувате. Сепак, се тоа ќе ме направи уште посилен и повеќе фокусиран за следниот натпревар во Лигата на Шампионите“.

Инаку Миовски вчера на мечот беше стартер во составот на Џирона, имаше шанса во својот деби настап да го постигне и деби голот во ЛШ, но не успеа да го релизира пеналот во таа 67.минута.

ПретходноЛЕ: Хари Мегваер е херојот на Јунајтед!