Утре во 15 часот е ждрепката за 1/8 финалето во Купот: Сите сакаат да им се падне Шкендија Арачиново

1289

Утре во 15 часот во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, ќе се одржи ждрепката за 1/8 финалето во Купот на Македонија. Во шеширот се 16 екипи, а како единствен третолигаш секако дека за сите токму Шкендија Арачиново е најпосакуван ривал. Тим кој во 1/16 финалето направи сензација и го елиминираше Работнички.

Во оваа фаза ждрепката нема да биде диригирана, може да се падне секој со секого. Мечевите се закажани за 23 октомври од 14 часот.

Еве кои екипи со нетрпение ја чекаат утрешната ждрепка за 1/8 финалето:

Вардар, Струга ТЛ, Тиквеш, Шкендија, Шкендија Арачиново, Гостивар, Шкупи, Аресими, Брера, Брегалница, Македонија ЃП, Воска, Беса, Силекс, Детонит, Пелистер.

ПретходноГовенс е нов играч, но и ко-сопственик на ТФТ Скопје
СледноПремиер лигата му го поништи црвениот картон на Фернандеш