Трансферот на Хулијан Алварез од Манчестер Сити во Атлетико Мадрид беше една од “бомбите“ на трансфер пазарот ова лето. Аргентинецот во потрага по поголема минутажа ја прифати понудата на својот сонародник Диего Симеоне кој веќе 13 години е стратег на “јорганџиите“.
Не тргна најдобро, на 10 меча,во Ла Лига и ЛШ, постигна само два гола Алварез и веднаш почнаа шпекулациите дека е несреќен во новата средина и токму поради тактичките замисли на Симеоне.
Имено како што неофицијално пренесуваат медиумите во Аргентина, тој им кажал на своите најблиски дека е разочаран.
Познато е дека конкуренцијата во Атлетико Мадрид во нападот е голема, и тешко дека Алварез ќе ја добие посакуваната минутажа како централен напаѓач.